什么是粒子| 特需号是什么意思| 尿的正常颜色是什么样| 盐酸苯海索片治什么病| 两个火念什么| 眼皮老是跳是什么原因| 字帖是什么| 慢性咽炎吃什么药| 做梦梦见屎是什么意思| 上司是什么意思| 因果业力是什么意思| 意境是什么意思| 1964属什么生肖| 今年贵庚是什么意思| 花生有什么营养| 怀孕有褐色分泌物是什么原因| 足齐念什么| 怀孕肚子痒是什么原因| 汲水什么意思| 梦见手抓屎是什么意思| 丝瓜水敷脸有什么作用| 碘是什么东西| MECT是什么| 农历六月初七是什么星座| 刮痧是什么原理| 结婚13年是什么婚| 高脂血症吃什么药| 裳能组什么词| 皮疹是什么| 胸部胀痛什么原因| 梦见老牛是什么意思| 什么症状吃柏子养心丸| 什么老什么老| lgbtq是什么意思| 来月经为什么会拉肚子| 人为什么会变| 国树是什么树| zhr是什么牌子的鞋| 苦瓜不能跟什么一起吃| 拉拉是什么意思| 72年属什么生肖属相| 心律失常是什么症状| 梦到女鬼是什么意思| whatsapp是什么软件| 跛行是什么意思| 上唇肿胀是什么原因| 咳嗽挂什么科| 申遗是什么意思| 阳阴阳是什么卦| 夏季有什么水果| 鸡内金是什么| 补办护照需要什么材料| 还珠格格什么时候上映的| 阿胶的原料是什么| 美育是什么意思| 肝介入治疗是什么意思| 为什么不建议开眼角| speedo是什么牌子| 什么是无精症| 小猫的尾巴有什么作用| 乳头内陷是什么原因| 梦见自己大肚子快生了是什么意思| 血小板平均体积偏高是什么意思| 银杏叶片有什么作用| 喜欢吃冰的是什么原因| 昙花一现是什么意思| 解析是什么意思| 湿疹用什么药最好| 穿什么衣服显白| 心肌缺血是什么原因造成的| 胰腺癌晚期什么症状| 蝉吃什么食物| 的字五行属什么| 一张张什么| 血红素高是什么原因| 情人节送什么给女孩子| sp是什么意思啊| 旗舰店是什么意思| 约法三章什么意思| 抗hcv是什么意思| 粳米是什么米| 户籍类型是什么| 淋巴结发炎挂什么科| 投其所好是什么意思| 胃痛吃什么药好| 迪奥是什么品牌| tga是什么意思| 金晨什么星座| 晚上睡觉老做梦是什么原因| 身上痒是什么原因| 什么症状需要做膀胱镜| 声音的高低叫什么| 猥琐什么意思| 肝血虚吃什么中成药| 乙肝核心抗体偏高是什么意思| 空腹胰岛素低说明什么| 左旋肉碱是什么东西| 二级烧伤是什么程度| 什么情况下做试管婴儿| 手指起水泡是什么原因| 8月12日是什么星座| 366红包代表什么意思| 生物医学工程专业学什么| 月经量减少是什么原因| 苕皮是什么做的| 河南为什么简称豫| 什么的舞姿| 肠道有息肉有什么症状| 中药什么时候喝效果最好| papi是什么意思| 甲沟炎用什么药好| 前轮轴承坏了会有什么症状| 鹿角粉有什么功效和作用| 词讼是什么意思| 鳞状上皮炎症反应性改变是什么意思| 肺纤维增殖灶是什么意思| 三十六计第一计是什么| 啤酒是什么酿造的| 奇可以加什么偏旁| 卵黄囊回声是什么意思| 隔阂是什么意思| 水清则无鱼什么意思| 夏天脚出汗是什么原因| 复方什么意思| cpu是什么意思| 耽美是什么| 平血头晕吃什么药最好| 鸡眼去医院挂什么科| 猎德有什么好玩的| 城隍爷是什么神| 藿香正气水治疗什么病| 整天想睡觉是什么原因| hyc是什么牌子| zara是什么品牌| cashmere是什么意思| 双肾囊肿什么意思| 丙烯是什么| 84是什么意思| 便秘了吃什么容易排便| 肾病什么东西不能吃| 湘雅医院院长什么级别| 什么快递可以寄宠物| 刮骨疗毒的意思是什么| 什么是机械表| 蛇鼠一窝是什么意思| 旺是什么生肖| 小孩下面痒用什么药| 梵高属于什么画派| 甲状腺球蛋白低是什么意思| 道德绑架是什么意思| 血小板上升是什么原因| 梦到鸡是什么意思| 胰岛素抵抗是什么意思| paris什么牌子| 为什么有些人特别招蚊子| 面包糠是什么做的| 男人梦见老鼠什么征兆| 低烧是什么症状和感觉| 大条是什么意思| 恶露是什么东西| 肾怕什么| 牙齿痛用什么药| 软组织挫伤用什么药| 反常是什么意思| 开门是什么意思| 保姆代表什么生肖| 2月24日是什么星座| 四级士官是什么级别| 尿酸高是什么造成的| 33数字代表什么意思| 瓶颈期是什么意思| 艾灸后皮肤痒出红疙瘩是什么原因| 梦见染头发是什么意思| 什么是宇宙| 生姜有什么功效| 雪藏是什么意思| 淋巴结炎吃什么药| 鸡眼和疣有什么区别| 朱的部首是什么| 黄色加红色是什么颜色| 跖疣是什么样子图片| 江苏有什么特产| 哮喘吃什么食物好| 做梦梦到狮子是什么意思| 婴儿黄疸母亲忌口什么| 孔夫子搬家的歇后语是什么| 肛门瘙痒用什么药最好| 女性分泌物少是什么原因| 什么时候人流| 磷脂是什么东西| 指南针是什么时候发明的| 1938年属什么| 鱼的五行属什么| cafe是什么意思| 夏天防中暑备什么药| 眼睛模糊吃什么好| 心脏早搏是什么原因造成的| 煲仔饭用什么米最好| 胃不好的人吃什么好| 酉时五行属什么| 什么原因造成耳鸣| 孙策字什么| 贫血有什么症状| 蜱虫用什么药消灭| 盲袋是什么| 月经准时来说明什么| 长智齿意味着什么| 琼瑶是什么意思| 1995年是什么年| 惜败是什么意思| 芪明颗粒主治什么病| 做梦捡钱是什么预兆| 杭州有什么好玩的地方| 九零年属什么生肖| 肚脐左下方疼是什么原因| 违和是什么意思| nuskin是什么牌子| gc是什么意思| 超脱是什么意思| 什么分明| 做空什么意思| 孙尚香字什么| tf卡是什么| 糖尿病什么症状| 烧火棍是什么意思| 神经性皮炎用什么药最好| 夜尿频繁是什么原因| 铁观音是什么茶| 吃芒果不能和什么一起吃| 黑t恤搭配什么裤子| 每晚都做梦是什么原因| 黑裤子配什么颜色的鞋| etf是什么意思| 蜂蜜与什么食物相克| 议论纷纷是什么意思| rh因子阳性是什么意思| 杜比全景声是什么意思| 验尿白细胞高是什么原因| 锁钥是什么意思| 上火喝什么茶效果最好| 乳腺增生乳腺结节吃什么药| 女生排卵期在什么时候| 土豆不能和什么一起吃| 什么移动卡流量多| 做梦相亲是什么意思| 家是什么| 发烧可以吃什么水果| 捆鸡是什么做的| 水晶粉是什么原料做的| 不射精是什么原因| 脾的作用和功能是什么| 评头论足什么意思| 为什么吃鸽子刀口长得快| 强光斑是什么意思| 芹菜什么时候种| 什么是失眠| 日行一善下一句是什么| 添丁是什么意思| 宝宝支气管炎吃什么药| 天天打喷嚏是什么原因| 开塞露加什么能去皱纹| 618是什么星座| 午安是什么意思| 什么枯石烂| 百度Пре?ди на содржината

「康爱一生」终身防癌疾病保险(20岁,390元起)

Од Википеди?а — слободната енциклопеди?а
百度 但把两种政治和发展模式分别以「中国」和「美国」冠名分列,其对抗的味道太浓。

Разво?на психологи?а, исто така позната како разво? на човекот е научна студи?а за систематските психолошки промени кои се случуваат во човекот во текот на неговиот живот. Во почетокот се занимавала со новороденчи?ата и децата, а потоа областа се проширила и на адолесценци?ата, разво?от на возрасните, старее?ето и на целиот животен век. Оваа област ги проучува промените во широк спектар на теми, вклучува??и моторни вештини и други психо-физиолошки процеси, когнитивниот разво? ко? вклучува области како што се: решава?е на проблеми, морално разбира?е и концептуално разбира?е, усво?ува?е на говор, соци?ален, личен и емоционален разво?, поим за себе (селф-концепт) и формира?е на идентитет. Разво?ната психологи?а вклучува праша?а како на пример до ко? степен се случува разво?от преку постепеното собира?е на знае?е во споредба со фазата како разво? или до ко? степен децата се ра?аат со вродени ментални структури во споредба со уче?е низ искуство. Многу истражувачи се заинтересирани за поврзаноста поме?у личните одлики, однесува?ето на поединецот и срединските фактори, вклучува??и го и соци?алниот контекст, како и нивното вли?ание врз разво?от, додека други истражувачи имаат помалку фокусиран пристап. Разво?ната психологи?а вли?ае на неколку применети области како што се: образовна психологи?а, психопатологи?а на дете и судска разво?на психологи?а. Разво?ната психологи?а надополнува неколку други основни истражувачки области во психологи?ата како соци?ална психологи?а, когнитивна психологи?а, еколошка психологи?а и компаративна психологи?а.

Пристапи

[уреди | уреди извор]

Многу теоретски гледишта се обидуваат да го об?аснат разво?от, ме?у на?познатите се: теори?а на фазата на Жан П?аже (Jean Piaget), соци?ален конструктивизам на Лав Виготски (Lev Vygotsky) (и неговите наследници, културна теори?а на разво?от на Ма?кл Кол (Michael Cole) и теори?ата на еколошките системи на Ури Бронфенбренер (Urie Bronfenbrenner)), соци?ална теори?а на уче?е на Алберт Бандура (Albert Bandura), и рамката за обработка на информации употребена од страна на когнитивната психологи?а. Во помала мера, историските теории продолжи?а да обезбедуваат основа за дополнителни истражува?а. Ме?у нив се и осумте фази на психосоци?алниот разво? на Ерик Ериксон (Erik Erikson) и бихевиоризамот на ?он Б. Вотсон (Jonh B. Watson) и Б. Ф. Скинер (B.F. Skinner) (за пове?е информации за улогата на бихевиоризамот види Анализа на однесува?ето на разво?от на детето). Многу други теории се видливи за нивните придонеси во одредени аспекти на разво?от. На пример, теори?ата за врзува?ето ги опишува видовите на интерперсоналните односи, а Лоренс Колберг (Lawrence Kohlberg) ги опишува фазите за морално размислува?е.

Теоретичари и теории

[уреди | уреди извор]

Главна стати?а: Теории на разво?ната фаза

  • ?он Болби (Jonh Bowlby), Хари Харлоу (Harry Harlow), Мери Еинсворт (Mary Ainsworth): Теори?а за врзува?ето
  • Ури Бронфенбренер (Urie Bronfenbrenner): Соци?алната екологи?а на човековиот разво? *?ероми Бранер (Jerome Bruner): Когнитивен (конструктивист), Теори?а на уче?е / Раскажувачка конструкци?а на реалноста
  • Ерик Ериксон (Erik Erikson): Фази на Ериксон за психосоци?алниот разво?
  • Сигмунд Фро?д (Sigmund Freud): Психосексуален разво?
  • ?ероми Кеган (Jerome Kagan) : Пионер на разво?ната психологи?а
  • Лоренс Колберг (Lawrence Kohlberg): Фази на Колберг на моралниот разво?
  • Жан П?аже (Jean Piaget): Теори?а на когнитивниот разво?, Генетска епистемиологи?а
  • Лав Виготски (Lev Vygotsky): Соци?алнен конструктивизам, Зона на проксимален разво?
  • Рувен Ф?уерстин (Reuven Feuerstein): Структурно когнитивна променливост
  • ?удит Рич Харис (Judith Rich Harris): Модуларна теори?а на соци?алниот разво?
  • Еленор Гибсон (Eleanor Gibson): Еколошка психологи?а
  • Роберт Кеган (Robert Kegan): Разво? на возрасните

Фази на П?аже за когнитивниот разво?

[уреди | уреди извор]

Главни статии: Жан П?аже и Теори?а на когнитивниот разво? П?аже бил шва?царски теоретичар ко? зборувал француски ко? претпоставувал дека децата учат преку активна изградба на нови знае?а преку практично искуство. То? посочил дека улогата на возрасните, за да им помогне на децата да учат, е да обезбедат соодветни матери?али за детето за да комуницира и да се изгради. Исто така, создал фази на разво?. Неговиот пристап може да се види во начинот на ко? наставните програми се спроведуваат во училиштата и во педагоги?ата за децата од предучилишните центри во САД.

Културно - историска теори?а на Виготски

[уреди | уреди извор]

Главни статии: Лав Виготски и Културно - историска психологи?а Виготски бил теоретичар од Советскиот Со?уз, ко? претпоставувал дека децата учат преку практично искуство, како што предложил П?аже. Сепак, за разлика од П?аже, то? тврдел дека навремено и внимателно интервенира?е од страна на возрасните кога детето е на работ на уче?е на нова задача (наречена ?зона на проксимален разво?“) може да им помогне на децата да научат нови работи. Оваа техника се нарекува ?скеле“, затоа што се заснова врз знае?ето кое децата ве?е го имаат стекнато со нови знае?а врз основа на кое возрасните можат да им помогнат на децата да научат. Виготски бил силно фокусиран на улогата на културата во одредува?ето на начинот на разво? на детето, тврде??и дека разво?от се движи од општественото ниво кон поединечното ниво.

Теори?а на еколошки системи

[уреди | уреди извор]

Главна стати?а: Теори?а на еколошки системи Исто така наречена теори?а на ?Разво? во контекст“ или ?Човекова екологи?а“, теори?а на еколошките системи, првпат создадена од Ури Бронфенбренер, ко? одредува четири видови на вградени еколошки системи со двонасочни вли?ани?а во и поме?у системите. Четирите системи се: микросистем, мезосистем, екосистем и макросистем. Секо? систем содржи улоги, норми и правила кои може силно да го оформат разво?от. Од не?зиното об?авува?е во 1979 година, важната из?ава за оваа теори?а на Бронфенбренер, ?Екологи?ата на човековиот разво?“ имаше големо вли?ание врз начинот на ко? психолозите и другите пристапи го изучуваат човекот и неговата животна средина. Како резултат на оваа концептуализаци?а на разво?от, овие животни средини, од семе?ството до економските и политички структури, се гледаат како дел од животот од детството преку зрелоста.

Теори?а за врзува?ето

[уреди | уреди извор]

Главна стати?а: Теори?а за врзува?ето Теори?а за врзува?ето, првпат развиена од страна на ?он Болби, се фокусира на отворени, интимни, емотивно знача?ни врски. Врзува?ето е опишано како биолошки систем или мо?ен импулс за опстанок кое настанало за да се осигура опстанокот на детето. Дете на кое му се обрнува или му се дава посебно внимание ?е се приврзе кон родителите кои создаваат чувство на физичка, емоционална и психолошка сигурност за поединецот. Подоцна, Мери Еинсворт го создала протокол на необична ситуаци?а и концепт на безбедната основа. Исто така, видете критика од страна на пионерот на разво?ната психологи?а, ?ероми Кеган. За жал, посто?ат ситуации кои го спречуваат детето од формира?е на врзува?ето. Некои беби?а растат без доволно внимание од страна на родителот или заклучени под услови на злоупотреба или екстремно занемарува?е. Можните краткорочни ефекти од ова лишува?е се лутина, оча?, повлекува?е и тра?но задоцнува?е на интелектуалниот разво?. Долгорочни ефекти вклучуваат зголемена агреси?а, несамосто?но однесува?е, повлекува?е, психосоматски нарушува?а и зголемен ризик од депреси?а во зрелоста.

Вродено / Стекнато

[уреди | уреди извор]

Главна стати?а: Вродено наспроти стекнато Значаен проблем во разво?ната психологи?а е односот ме?у вроденото и вли?анието на животната средина во однос на ко? било конкретен аспект на разво?. Ова често се нарекува ?вродено наспроти стекнато“ или нативизам наспроти емпиризам. Нативист ко? го проучува разво?от тврди дека процесите се вродени, дека се одредени од гените на организмот, додека од емпириска гледна точка се тврди дека тие процеси се стекнати со интеракци?а со животната средина. Денес, психолозите кои се занимаваат со разво?на психологи?а ретко земаат такви екстремни позиции во однос на пове?ето аспекти на разво?, туку тие го истражуваат, ме?у многу други нешта, односот ме?у вроденото и вли?ани?ата на животната средина. Еден од начините на кои ово? однос е истражуван во последниве години е преку новите области на еволутивната разво?на психологи?а. Областа каде дебата за овие вродености беше видливо прикажана е во истражува?ето за усво?ува?е на говорот. Главно праша?е во оваа област е дали или пак не некои сво?ства на човековиот ?азик се одредени генетски или може да се стекнат преку уче?е. Емпирискиот став за проблемот за усво?ува?е на говорот укажува дека влезните информации на ?азикот ги обезбедуваат потребните информации потребни за уче?е на структурата на ?азикот и дека новороденчи?ата го усво?уваат говорот преку процес на статистичко уче?е. Од оваа гледна точка, говорот може да се усвои преку општи методи на уче?е кои исто така се применуваат и на другите аспекти на разво?, како што е перцептуалното уче?е. Нативистичкиот став тврди дека влезните информации од ?азикот се премногу сиромашни за новороденчи?ата и децата да ?а усво?ат структурата на говорот. ?азичарот Ноам Чомски (Noam Chomsky) тврди дека, потврдено од страна на недостаток на доволно информации во ?азикот, постои универзална граматика ко?а се однесува на сите ?азици и е претходно одредена. Ова доведе до иде?ата дека постои посебен когнитивен модул соодветен за уче?е ?азик, често нарекуван вродена способност за совладува?е на говорот. Критиката на Чомски за бихевиористичкиот модел за усво?ува?е на говорот, од многумина општо се смета како клучна пресвртна точка за намалува?е на важноста на теори?ата на бихевиоризмот. Но, концептот на Скинер за ?Вербалното однесува?е“ не умре, можеби делумно поради тоа што успешно се применува во практика.

Механизми на разво?

[уреди | уреди извор]

Разво?ната психологи?а се занимава не само со опишува?ето на одликите на психолошките промени со текот на времето, но исто така сака да ги об?асни принципите и внатрешните работи кои лежат во основата на овие промени. Психолозите се обиделе да ги разберат подобро овие фактори со користе?е на модели. Разво?ните модели понекогаш се статични, но и не мора да бидат. Моделот едноставно мора да води сметка за средствата со кои се одвива процесот. Ова понекогаш е направено во врска со промените во мозокот што може да одговара на промени во однесува?ето во текот на разво?от. Статистичките описи на разво?от често користат модели на симболични, поврзувачки (нервна мрежа) или динамични системи за об?аснува?е на механизмите на разво?.

Истражувачки области

[уреди | уреди извор]

Когнитивен разво?

[уреди | уреди извор]

Главни статии: Когнитивен разво?, Теори?а на когнитивниот разво?, теории на следбениците на П?аже за когнитивниот разво? Когнитивниот разво? првенствено се занимава со начините на кои новороденчи?ата и децата ги стекнуваат, развиваат и користат внатрешните ментални способности како што се решава?е на проблемот, мемори?а и говор. Главни теми на когнитивниот разво? се студиите за усво?ува?е на говорот и разво? на перцептивните и моторни вештини. П?аже бил еден од првите на?вли?ателни психолози ко? го проучувал разво?от на когнитивните способности. Неговата теори?а укажува дека разво?от продолжува преку збир на фази од детството до зрелата возраст и дека таму е кра?ната точка или целта. Други гледишта, како на пример на Лав Виготски, укажуваат дека разво?от не напредува низ фазите, туку дека разво?ниот процес ко? почнува со ра?а?ето и трае сè до смртта е премногу сложен за таква структура и дефинитивност. Современиот когнитивен разво? ги обедини размислува?ата од когнитивната психологи?а и на психологи?ата на поединечните разлики во об?аснува?ето и моделира?етро на разво?от. Конкретно, теориите на следбениците на П?аже за когнитивниот разво? покажаа дека последователните нивоа или фази на когнитивниот разво? се поврзани со зголемува?е на ефикасноста за обработува?е на информации и на капацитетот на работната мемори?а. Овие зголемува?а го об?аснуваат напредува?ето кон повисоките фази, а поединечните разлики во таквите зголемува?а ка? лица на иста возраст ги об?аснуваат разликите во когнитивните перформанси. Други теории се оддалечи?а од фазите на теориите на П?аже и се под вли?ание на гледиштата на доменот за обработка на специфични информации, кои претпоставуваат дека разво?от е воден од страна на одредени вродени еволутивни процеси и содржината на механизмите за обработка на специфичните информации.

Соци?ален и емоционален разво?

[уреди | уреди извор]

Главна стати?а: Соци?ална психологи?а (психологи?а) Психолозите кои се занимаваат со разво?ната психологи?а, кои се заинтересирани за соци?алниот разво? истражуваат како поединци развиваат соци?ални и емоционални способности. На пример, тие проучуваат како децата стекнуваат при?ателства, како ги разбираат и како се справуват со емоциите и како се развива идентитетот. Истражува?ето во оваа област може да вклучи изучува?ето на односите ме?у когнитивниот разво? и соци?алното однесува?е.

Истражувачки методи

[уреди | уреди извор]

Разво?ната психологи?а употребува голем дел од истражувачките методи кои се користат во другите области на психологи?ата. Сепак, новороденчи?ата и децата не можат секогаш да бидат проучувани на истиот начин како возрасните, за изучува?е на нивниот разво? често се користат различни методи.

Методи и техники

[уреди | уреди извор]

Когнитивниот разво? првенствено се занимава со начините на кои новороденчи?ата и децата ги стекнуваат, развиваат и користат внатрешните ментални способности како што се решава?е на проблемот, мемори?а и говор. Главни теми на когнитивниот разво? се студиите за усво?ува?е на говорот и разво? на перцептивните и моторни вештини. П?аже бил еден од првите на?вли?ателни психолози ко? го проучувал разво?от на когнитивните способности. Неговата теори?а укажува дека разво?от продолжува преку збир на фази од детство до зрелата возраст и дека таму е кра?ната точка или целта. Други гледишта, како на пример на Лав Виготски, укажуваат дека разво?от не напредува низ фазите, туку дека разво?ниот процес ко? почнува со ра?а?ето и трае сè до смртта е премногу сложен за таква структура и дефинитивност. Современиот когнитивен разво? ги обедини размислува?ата од когнитивната психологи?а и на психологи?ата на поединечните разлики во об?аснува?ето и моделира?етро на разво?от. Конкретно, теориите на следбениците на П?аже за когнитивниот разво? покажаа дека последователните нивоа или фази на когнитивниот разво? се поврзани со зголемува?е на ефикасноста за обработува?е на информации и на капацитетот на работната мемори?а. Овие зголемува?а го об?аснуваат напредува?ето кон повисоките фази, а поединечните разлики во таквите зголемува?а ка? лица на иста возраст ги об?аснуваат разликите во когнитивните перформанси. Други теории се оддалечи?а од фазите на теориите на Ри?аже и се под вли?ание на гледиштата на доменот за обработка на специфични информации, кои претпоставуваат дека разво?от е воден од страна на одредени вродени еволутивни процеси и содржината на механизмите за обработка на специфичните информации.

Истражувачки модели

[уреди | уреди извор]

Психолозите кои се занимаваат со разво?ната психологи?а користат голем бро? методи за проучува?е промени кои настануваат ка? поединците со текот на времето. Во надолжна студи?а, истражувач надгледува многу лица кои се родени во исто или приближно исто време (група) и врши нови наб?удува?а на група членови на иста возраст. Ово? метод може да се користи за да се извлечат заклучоци за тоа кои видови разво? се универзални (или нормативни) и се ?авуваат ка? пове?ето членови на една група. На пример, надолжна студи?а за раниот разво? на писменоста детално ги испитува раните искуства за писменост на по едно дете во 30 семе?ства. Истражувачите, исто така може да го забележат начинот на ко? разво?от варира ме?у поединците и да даде претпоставки за причините на разликите кои се забележани во нивните податоци. Лонгитудиналните студии често траат многу време и бараат големи матери?ални средства, што претставува тешкоти?а да се изведат во некои ситуации. Исто така, поради тоа што членовите на една група, сите доживуваат историски настани единствени за нивната генераци?а, очигледно е дека нормативните разво?ни трендови во суштина може да се универзални само на нивната група. Во студи?ата на попречен пресек, истражувач ги испитува разликите ме?у поединци од различни возрасти во исто време. Оваа студи?а обично бара помалку матери?ални средства од надолжниот метод и поради тоа што поединците потекнуваат од различни групи, споделените историски настани не се толку многу изненадувачки фактори. Сепак, на истиот начин, истражува?ето со методот на попречен пресек не може да биде на?ефикасниот начин да се проучуваат разликите ме?у учесниците, биде??и овие разлики не може да произлегуваат од нивната различна возраст, туку од нивната изложеност на различни историски настани. Трета студи?а, студи?а на група, ги комбинира двете методологии. Овде, истражувач истовремено надгледува група деца од различна возраст, а потоа ги следи сите учесници во текот на времето, забележува??и ги промени во групите. Забележително, сите се заемно поврзани, не експериментални, методи и така од нико? не може лесно да извлечеме заклучоци од податоците што ги дава. Сепак, заемно поврзаните истражувачки методи се вообичаени во изучува?ето на разво?от, делумно поради етичките проблеми.

Фази на разво?

[уреди | уреди извор]

Исто така видете: Фази на разво? на детето

Преднатален разво?

[уреди | уреди извор]

Видете: Преднатален разво? и преднатална психологи?а Пренаталниот разво? е од интерес за психолозите кои го испитуваат контекст на раниот психички разво?. На пример, некои примитивни рефлекси се по?ават пред ра?а?ето и сè уште се присутни ка? новороденчи?ата. Се претпоставува е дека овие рефлекси се атрофирани и имаат ограничена употреба во почетокот на човековиот живот. Теори?ата на П?аже за когнитивниот разво? укажува дека некои примитивни рефлекси се градежни блокови за сензомоторниот разво? на новороденчи?ата. На пример, тоничниот рефлекс на вратот може да го помогне разво?от со што им помага на новороденчи?ата да ги гледаат предметите. Други рефлекси, како што е рефлексот на оде?е исчезнува и подоцна во раното детство е заменет со поусовршена доброволната контрола. Ова може да е поради тоа што новороденчето добива премногу тежина по породува?ето да се биде доволно силно да го користи рефлексот или поради тоа што рефлексот и последователниот разво? се функционално различни. Исто така се укажува дека некои рефлекси (на пример, Моро рефлексот и рефлексите на оде?е) се претежно приспособува?е на животот во утробата со мала поврзаност со раниот детски разво?. Примитивните рефлекси повторно се по?авува ка? возрасните во одредени услови, како на пример, невролошки заболува?а како деменци?а или трауматски лезии. Ултразвукот покажа дека новороденчи?ата се способни за голем бро? движе?а во утробата, од кои за многу се чини дека се пове?е од примитивни рефлекси. Кога се ра?аат, новороденчи?ата може да го препознаат и го претпочитаат гласот на сво?ата ма?ка што укажува на преднатален разво? на аудитивната перцепци?а. Исто така, преднаталниот разво? и компликациите при ра?а?ето може да бидат поврзани со невроразво?ните болести, на пример со шизофрени?а. Со по?авува?ето на когнитивните невронски мрежи, ембриологи?ата и невронските мрежи на преднаталниот разво? станаа од голем интерес за истражува?ето на разво?ната психологи?а.

Главни статии: Психологи?а на новороденчи?ата и децата и Когнитивен разво? на новороденчи?ата Од ра?а?ето до почетокот на говорот, детето се нарекува новороденче. Психолозите кои се занимаваат со разво?ната психологи?а значително се разликуваат во нивните мисле?а за психологи?ата на новороденчи?ата и вли?анието на надворешниот свет, но некои аспекти се релативно ?асни. Поголемиот дел од времето, новороденчи?ата го поминуваат во спие?е. Првин ова спие?е е рамномерно низ целиот ден и но?, но по неколку месеци, обично поминуваат сè помалку време во спие?е и пове?е време се во будна состо?ба. Може да се види дека новороденчи?ата низ шест состо?би, групирани во парови:

  • состо?ба на длабок сон и состо?ба на лесен сон (ко? се ?авува РЕМ);
  • будна неактивност и будна активност;
  • поспаност и плаче?е;

Новороденчи?ата различно реагираат на овие состо?би. Приспособува?ето (види погоре) се користи да се открие резолуци?ата на перцептивните системи, што укажува дека основните перцептивни способности ка? новороденчи?ата се развиваат пред стекнува?ето на тра?носта на предметите.

  • Видот е значително полош ка? новоренчи?ата отколку ка? постарите деца. Видот ка? новороденчи?ата, матен во раните фази, се подобрува со текот на времето. Перцепци?ата на боите, слична на онаа ка? возрасните, е докажана ка? новороденчи?а на возраст од четири месеци, со користе?е методи на приспособува?е.
  • Слухот е добро развиен пред ра?а?е. Новороденчи?ата се прилично добри во открива?е на правецот од ко? доа?а звук и до 18 месеци нивната способност за слуша?е е приближно еднаква со онаа ка? возрасните.
  • Мирисот и вкусот се развиени, новороденчи?ата покажуваат различни изрази на одвратност или задоволство кога се создава при?атен мирис (мед, млеко, итн.) или непри?атни мириси (расипано ?а?це) и вкусови (на пример, кисел вкус). Постои добар доказ дека новороденчи?ата го претпочитаат мирисот на нивната ма?ка отколку мирисот на другите лу?е.
  • Говор. На возраст од околу шест месеци новороденчи?ата може да прават разлика поме?у фонеми во сво?от ?азик, но не и ме?у слични фонеми од друг ?азик. Исто така, во оваа фаза новороденчи?ата почнуваат да брборат, за создаваат фонеми.
  • Допирот е едно од подобрите развиени сетилата по ра?а?ето, ко? прв се развива во матката. Ова е потврдено од страна на примитивните рефлекси опишани погоре и на релативно напредниот разво? на соматосензорната кора.
  • Болка. Исто така, новороденчи?ата чувствуваат болка, ако не и посилна од постарите деца, но на олеснува?ето на болката како област на истражува?е ка? новороденчи?ата не се обрнува толку многу внимание.

Рана теори?ата на разво? на детето беше сензомоторната фаза на теори?а на П?аже за когнитивниот разво?. П?аже укажал дека перцепци?ата на новороденчето и разбира?ето на светот зависи од нивниот моторен разво?, ко? е потребен за детето да ги поврзе визуелните, допирни и моторни претстави на предметите. Според ова гледиште, преку допира?е и фа?а?е на предметите, новороденчи?ата развиваат тра?ност на предметите, сфа?а?е дека предметите се цврсти, тра?ни и продолжуваат да посто?ат дури и кога не ги гледаат. Сензомоторната фаза на П?аже се состои од шест потфази (за пове?е детали видете сензомоторни фази). Во раните фази, разво?от произлегува од движе?ата предизвикани од примитивни рефлекси. Открива?е на нови однесува?а произлегува од класичното и оперативното формира?е на автоматски реакции и создава?ето на навики. Од осум месеци новороденчето е способно да открие скриен предмет, но ?е издржи кога предметот е преместен. Доказите на П?аже за некомплетното разбира?е на тра?носта на об?ектите пред 18 месеци беше неуспехот на новороденчето да го бара предметот каде што последен пат беше виден. Наместо новороденчи?ата да продолжат да го бараат предметот каде што беше првпат е виден, ?а прават ?грешката А не Б“. Подоцна научниците спровеле голем бро? на други тестови кои покажуваат дека помладите новороденчи?а разбираат пове?е за предметите отколку се сметало. Овие експерименти обично вклучуваат играчка и едноставна пречка, ко?а е сместена пред играчката, а потоа посто?ано се остранува. Пред возраст од осум до девет месеци, неможноста на новороденчи?ата да ?а разберат тра?носта на предметот ги засега лу?ето, што об?аснува зошто беби?ата на оваа возраст не плачат кога нивните ма?ки ги нема (?далекуод очите, далеку од умот“). Посто?ат критичните периоди во раното детство за време на кои разво?от на одредени перцепциски, сензомоторни, општествени и ?азични системи клучно зависи од стимулаци?а на животната средина. Концептот на критичните периоди е исто така добро воспоставен во невропсихологи?ата. Некои сметаат дека класичната музика, особено онаа на Моцарт е добра за умот на новороденчето, додека некои несигурни истражува?а покажаа дека е корисна и за постарите деца.

На?рано детство

[уреди | уреди извор]

Интелигенци?а се докажува со употребата на симболи, употребата на говорот и како се развива мемори?ата и имагинаци?а. Се размислува на нелогичен, непромислен начин. Преовладува егоцентричното размислува?е. Општествено, новороденчи?ата се мали лу?е кои се обидуваат да станат независни во оваа фаза. Тие одат, зборуваат, го користат тоалетот и добиваат храна за себе. Почнува да се развива самоконтрола. Ако иници?ативата да истражуваат, експериментираат, да прават грешки кога испробуваат нови работи и да ги тестираат своите граници е охрабрена од родителот / родителите детето ?е стане автономно, независно, и уверено. Доколку родителот претерано се грижи за детето или не ги одобрува независните де?ства, детето може да почнете да се сомнева во своите способности и да се чувствува засрамено од желбата за независност. Независниот разво? на детето ?е биде спречен, и детето ?е биде помалку подготвено успешно да се справи со светот во иднина.

Рано детство

[уреди | уреди извор]

Исто така наречено ?предучилишен период“, ?период за истражува?е“ и ?период кога децата се играат“. Кога децата посетуваат забавиште, тие ги прошируваат своите општествени хоризонти и пове?е се вмешуваат со тие околу нив. Нагоните се насочени кон фантазира?е и задачата на воспитувачите е да ?а урамнотежат желбата за авантура, креативност и самоизразразува?е со разво?от на одговорност. Ако правилно се грижат за поттикнува?е и посто?ано одржува?е на дисциплината, децата се со поголема веро?атност да разви?ат позитивно мисле?е за себе додека да станат поодговорни и ?е ги следат преку доделените активности. Ако не е дозволено да се одлучи кои активности да се преземат, децата можат да почнат да чувствуваат вина по размислува?ето за презема?е иници?атива. Оваа негативна асоци?аци?а со независност ?е доведе другите да донесуваат одлуки наместо нив.

Доцно детство

[уреди | уреди извор]

Во средината на детството, интелигенци?а е докажана преку логичка и систематска манипулаци?а со симболи поврзани со конкретни предмети. Се развива оперативното размислува?е што значи дека де?ствата се повторливи и се намалува егоцентричното мисле?е. Децата преминуваат од светот на домот во оно? на училиштето и врсниците. Децата учат да создаваат нешта, да користат алатки и како и да стекнуваат вештини. Децата сега може да доби?ат повратни информации од аутса?дери за нивните достигнува?а. Доколку децата можат да откри?ат задоволството во интелектуална стимулаци?а, дека се продуктивни, да бараат успех, тие ?е разви?ат чувство за способност. Доколку тие не се успешни или не можат да откри?ат задоволството во то? процес, тие може да разви?ат чувството на потчинетост и чувство на несоодветност кое може да ги прогонува цел живот. Ова е ситуаци?а кога децата мислат за себеси дека се работливи и потчинети.

Адолесценци?а

[уреди | уреди извор]

Главна стати?а: Психологи?а на адолесценти Адолесценци?ата е период од животот ме?у почетокот на пубертетот и целосната посветеност на возрасната општествена улога, како работник, родител и / или гра?анин. Тоа е периодот познат по создава?ето на личниот и општествениот идентитет (види Ерик Ериксон) и открива?ето на моралната цел (види Вили?ам Де?мон). Интелигенци?а е докажана преку логичката употреба на симболи поврзани со апстрактните поими и формалното размислува?е. Во почетокот на периодот често се ?авува вра?а?е кон егоцентричното мисле?е. Само 35% ?а развиваат способноста за формално размислува?е во текот на адолесценци?ата или зрелоста. (В. Х?уит и ?. Хамел, ?ануари 1998 година) Адолесценци?ата опфа?а два периода и тоа:

  1. Рана адолесценци?а: од 13 до 16 години
  2. Средна адолесценци?а: од 17 до 19 години и
  3. Доцна адолесценци?а: од 20 до 24 години ( исто така е и првата фаза кон премин во рана зрелост.)

Адолесцент несвесно истражува праша?а како на пример: ?Ко? сум ?ас? Ко? сакам да бидам?“. Како мали деца, адолесценти треба да истражуваат, да тестираат ограничува?а, да станат независни и да создадат идентитет или чувство за себе. За да изберат идентитет мора да бидат испробани различни улоги, однесува?а и идеологии. Конфузи?а (меша?е) на улогите и неможност да се избере професи?а може да резултира од неуспехот да се постигне чувство на идентитет.

Рана зрелост

[уреди | уреди извор]

Лицето мора да научи како да создаде интимни односи во при?ателството и во ?убовта. Разво?от на оваа вештина зависи од решава?ето на другите фази. Доколку неко? не развие доверба или чувство на идентитет, може да биде тешко да се воспостави интимност. Ако оваа вештина не е научена, алтернативата е оту?ува?е, издвоеност, страв од обврска и неможноста да се биде независен. Научниците кои ?а проучуваат зрелоста се заинтересирани не само за разво?от на односите, туку и за разво?от на социо-политичките гледишта и професионалните избори.

Средна возраст

[уреди | уреди извор]

Средната возраст главно се однесува на периодот од 40 до 60 години. Во текот на ово? период, средовечните лу?е се соочуваат со судир ме?у генеративноста и стагнаци?ата. Тие можe да чувствуваат дека придонесуваат за идната генераци?а и нивната заедница или да се чувствуваат бесцелни. Физички, средновечните лу?е доживуваат пад на мускулната сила. Исто така, жените доживуваат менопауза и остар пад на хормонот естероген. Мажите имаат еквивалент на менопауза, ко? се нарекува андропауза, ко? претставува хормонска нестабилност со физички и психолошки ефекти слични на менопаузата. Намаленото ниво на тестостерон се одразува во промени на расположението и намалува?е на бро?от на сперматозоиди и брзината на е?акулаци?а и ерекци?ата. Пове?ето мажи и жени остануваат способни за сексуално задоволство по средната возраст. Споредете фази на Ериксон на физичкиот разво?.

Оваа фаза главно се однесува на оние кои се на возраст од 60 до 80 години. Во текот на староста, лу?ето доживуваат судир поме?у интегритетот и оча?от. Кога староста се одразува врз нивниот живот, тие имаат чувство на успех или неуспех. Физички, постарите лу?е доживуваат намалува?е на мускулната сила, времето на реакци?а, издржливоста, слухот, видот и на сетилото за мирис. Исто така, поради ослабен имунолошки систем сè пове?е се склони кон тешки болести како рак и пневмони?а. Исто така, може да се по?ави ментално распа?а?е, што води до деменци?а или Алцха?мерова болест. Сепак, делумно поради собира?ето на антитела во текот на животот, старите лу?е се со помала веро?атност да страдаат од вообичаени болести, како што е настинката. Праша?ето дали интелектуална мо? се зголемува или намалува со возраста останува контроверзно. Лонгитудиналните студии укажуваат дека интелектот се намалува, додека студии на попречниот пресек укажуваат дека интелектот е стабилен. Се верува дека кристализираната интелигенци?а се зголемува сè до староста, додека флуидната интелигенци?а се намалува со возраста.

Други наоди

[уреди | уреди извор]

Воспитува?е на деца

[уреди | уреди извор]

Во западните развиени општества, ма?ките (и жените воопшто) беа нагласени со исклучува?е на други старатели, особено доколку традиционалната улога на таткото беше пове?е од глава на семе?ство, а помалку директен родител на дете, то? традиционално се гледа како индиректно вли?ае на детето преку интеракции со ма?ката на детето. Акцентот на студи?ата се префрли на основниот родител (без разлика на пол или биолошки однос), како и на сите лица кои директно или индиректно вли?аат на децата (системот на семе?ството). Улогите на ма?ката и таткото се познача?ни од првото мисле?е за концептот на основниот старател. Потврдува??и ?а улогата на таткото, истражува?ата покажале дека децата на возраст од 15 месеци значително имаат корист од суштинските средби со нивниот татко. Особено, студи?а спроведена во САД и Нов Зеланд откри дека присуството на биолошкиот татко беше на?знача?ниот фактор за намалува?ето на процентот на предвремени сексуални активности и процентот на бременост ка? тине??е?ките. Вклучени се следните фактори: проблеми во однесува?ето, возраст на ма?ката по првото породува?е, раса, образованието на ма?ката, професионалниот статус на таткото, животниот стандард на семе?ството, интеракци?ата поме?у ма?ката и детето, образовни постигнува?а, училишни квалификации, растро?ство на расположението, анксиозност, обидите за самоубиство, насилни навреди и нарушено однесува?е. Понатамошните истражува?а покажа дека татковците имаат вли?ание врз академскиот избор на детето. Сепак, отсуството на таткото е поврзано со голем бро? на негативни резултати за децата, вклучува??и дете, а подоцна и криминално однесува?е.

Историски претходници

[уреди | уреди извор]

Модерната форма на разво?на психологи?а ги има своите корени во богатата психолошка традици?а застапувана од Аристотел, Табари и Декарт. Вили?ам Шекспир посочува на седумте возрасти на човекот. Тие вклучуваат три фази на детството и четири фази на зрелост. Во средината на осумнаесеттиот век Жан Жак Русо опишал три фази детство: новороденче, детство и адолесценци?а во ?Емили или за образование“. Идеите на Русо се силно се прифатени од воспитувачите во тоа време. Во доцниот XIX век, психолозите запознаени со теори?ата на еволуци?ата на Дарвин почна да бараат еволутивен опис на психичкиот разво?. Во ово? период, се истакнува Г. Стенли Хол ко? се обидел да ги поврзе детството со претходните возрасти на човештвото. Понаучен пристап беше инициран од страна на ?е?мс Марк Болдвин (James Mark Baldwin), ко? пишуваше есеи на теми кои вклучуваат имитаци?а ?Поглав?е во истори?ата на природата на свеста и психичкиот разво? на детето и расите“ , ?Методи и процеси“. Во 1905 година, Сигмунд Фро?д искажал пет фази на психосексуалниот разво?. Подоцна, Рудолф Шта?нер искажал фази на психичкиот разво? во текот на животот на човекот. Од почетокот до средината на дваесеттиот век, била воспоставена работата на Виготски и П?аже, споменати погоре, силна емпириска традици?а во оваа област.

四平八稳是什么意思 兵解是什么意思 什么食物含维生素c最多 放疗后不能吃什么 不饱和脂肪酸是什么意思
性早熟有什么危害 氮肥是什么肥 淑女气质给人什么感觉 乐可是什么 尿检弱阳性是什么意思
唇炎是什么原因造成的 生理年龄是什么意思 什么食物补肾 心烦意乱焦躁不安吃什么药 物色是什么意思
白细胞偏低吃什么药 吃什么可以长高 什么是自慰 为什么人会打喷嚏 印字五行属什么
脚后跟疼是什么原因引起的hcv9jop8ns2r.cn 皮肤黑的人穿什么颜色的衣服显白hcv9jop1ns0r.cn 长绒棉是什么面料hcv9jop3ns1r.cn 飞机打多了会有什么严重的后果吗hcv8jop0ns2r.cn cln是什么意思1949doufunao.com
普门品是什么意思hcv8jop2ns9r.cn 腱鞘炎吃什么药好hcv7jop6ns9r.cn 什么然而至hcv8jop8ns8r.cn 心脏早搏吃什么药好hcv9jop4ns6r.cn 青梅竹马是什么意思hcv8jop8ns1r.cn
寒咳嗽吃什么药止咳效果好hcv9jop3ns3r.cn ca医学上是什么意思hcv8jop1ns3r.cn 什么蔬菜含钾量最高sanhestory.com 共产主义社会是什么样的社会hcv8jop1ns0r.cn 机能鞋是什么意思hcv8jop7ns1r.cn
肌酸激酶高是什么病sanhestory.com 98年虎是什么命hcv8jop4ns3r.cn 改嫁是什么意思hcv9jop8ns3r.cn 肋骨下面是什么器官tiangongnft.com 综合基础知识考什么0735v.com
百度